Актуелно 03.07.2020 22:46

Мицкоски: После резултатот на 15 јули добар дел од анкетните куќи ќе го изгубат кредибилитетот

Мицкоски: После резултатот на 15 јули добар дел од анкетните куќи ќе го изгубат кредибилитетот

Јас мислам дека после 15 јули голем број на куќите кои што ги прават овие анкети или мерење на јавното мислење од аспект на политичко интервјуирање ќе бидат засрамени, ќ е го изгубат својот интегритет и ќе престанат да постојат голем дел од нив бидејќи навистина ќе биде спротивно од она кое што всушност го видовте, конкретно на анкетата која што вчера ја кажавте, вели лидеорт на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на Алсат М во емисијата 360 степени.

-Но за тоа не сакам да навлегувам во детали, сепак 15 јули е завршното и тогаш можеби многу појасно ќе биде за ова кое што ние го зборуваме, рече Мицкоски

Мицкоски, посочи дека тој се дистанцира од анкетите, и посветен е на суштината а суштината како што рече тој е дека народот е расположен за промени и сакаат промени

-Затоа се обидов да се дистанцирам од анкети и да се фокусирам на суштината, а суштината е дека народот е расположен за промена и сака промена. Таа промена чувствувам дека има големи очекувања, навистина им е преку глава од сите овие порази кои што им се случуваат, нагласи Мицкоски.