Актуелно 26.02.2020 15:27

Мицкоски: Претседателот Трајковски покажа пример како вистински се претставува Македонија дома и низ Светот

Мицкоски: Претседателот Трајковски покажа пример како вистински се претставува Македонија дома и низ Светот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска преку својот Фејбсук профил сподели статус каде се потсетува на трагично загинатиот претседател на Македонија Борис Трајковски.

-“Верувам во Македонија” велеше Претседателот Борис Трајковски, и ова е примерот кој треба суштински да се следи дури од оние кои тоа го прават само со зборови, а нивните сегашни дела го кажуваат спротивното. А Претседателот Трајковски покажа пример како вистински се претставува Македонија, дома и низ Светот. Скромен, со голема харизма, чесен и посветен на делото, со визија за Македонија. Денес 16 години по неговото погибие ова се целите кои треба да се продолжат онаму каде овој човек застана. Слава му!, стои во неговиот пост на Фејсбук.