Актуелно 13.07.2019 17:07

Мицкоски: Разочарувачко е слушнатото од разговорите на Заев со украинските комичари (ВИДЕО)

Мицкоски: Разочарувачко е слушнатото од разговорите на Заев со украинските комичари (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Алсат М, истакна дека е разочаран од Зоран Заев кој како премиер наседнал на украински комичари и издавал важни информации кои што високи претставници на Европа ги споделиле во доверба со него, мислејќи дека е во исто друштво со Порошенко и Столтенберг.

-Немам некој специфичен коментар освен тоа да кажам дека сум разочаран од тоа што го слушнав и генерално би сакал сега да кажам три реченици. Првата е тоа што сум уште по разочаран кога го видов она стенд ап шоу кое што беше организирано во Владата кога Зоран Заев се обиде несмасно да се брани од тоа што верувал практично завчера дека е прв пријател со Порошенко и дека има трoен разговор помеѓу Столтенберг, Порошенко и него. Тој лично како човек како граѓанин во оваа држава ме разочара.

Мицкоски посочи дека втората работа што ја слушнавме е дека практично Заев како државник нема тежина да чува важни информации кои што високи државници од Европа ги споделиле со него во доверба.

-Тој практично тие работи ги кажува, прераскажува, додава и одзема и така натаму и тоа го прави поради две причини а тоа е да се направи важен дека еве он е информиран, дека е фактор, дека со него се споделуваат таков тип на информации и втората работа е притисокот на значењето на таа информација, тој не може да одлучува со себе и сака да олесни и го пренесува на соговорникот, вели Мицкоски.