Актуелно 17.11.2019 16:35

Мицкоски: Секој почеток има и свој крај, а крајот на сето ова е близу и тој се вика 12 април

Мицкоски: Секој почеток има и свој крај, а крајот на сето ова е близу и тој се вика 12 април

Ова ќе биде победа на сите млади чии срца чукаат за промени, ова ќе биде победа против оние кои сакаат бунтовноста денес да ја замолчат. Ова ќе биде победа на жедните за правда, оние кои копнеат за сигурност, и оние кои си ветуваат себе си, дека нема да потрошат уште макар еден ден загубен овде, во сивилото наталажувано со децении и политиканството градено со години, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Македонската Филхармонија, каде денеска се одржува 28-мата Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ под слоганот Младите за обнова на Македонија.

-Еден новинар ме праша што очекувате од младите на овие избори…Јас му одговорив дека очекувам тие, сите вие во оваа преполна сала да бидете свои единствени, да бидете она што сте и да се борите за она што сакате да бидете. Да рушите бариери, да надминувате стереотипи, да бидете промената, да бидете обновата која ќе ја донесеме. Младите се за обнова не затоа што тоа е фраза, туку тоа е насушна потреба. Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја има слободата, а секој од вас го има мојот збор дека ќе ви бидам најголемиот поддржувач за вашите идеи и вашите цели, потенцираше Мицкоски кој подвлече:

„Затоа што Македонија одамна го нема тој луксуз да загуби уште една генерација која ќе се исели. Повеќето села оддамна се празни, а сега градовите се празнат, а генерациите си заминуваат. Иселувањето не е како калемење на растение, туку тоа е како да го откорнете од родната грутка и го пресадите таму некаде далеку, на друга почва и во други услови. Колку и да боли, колку да пече, ова е реалноста во Македонија. Можете на двете раце да наброите имиња од ваши врсници, луѓе од вашата генерација, вашето семејство кое се иселиле. Македонија останува празна, а господари на она што малку преостанува се оние кои мислат дека власта е нешто што природно им припаѓа, па така опиени од нејзе гледаат на функциите единствено како средство за богатење, наместо место од кое теба да им слугуваат на граѓаните. И сиот тој гнев кој го чуствува секој еден човек во земјата е десетпати поголем кај младиот човек, кај студентите, средношколците, тинејџерите кои гледаат дека некој им ја краде слободата, државата, а со тоа им ја краде иднината. А иднината им припаѓа, на кој друга, ако не на вам, младите.“

-Но секој почеток има и свој крај, а крајот на сето ова е близу и тој се вика 12 април, лето господово 2020-та година, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.