Актуелно 16.08.2019 15:21

Мицкоски: Секоја држава има своја мафија, само нашата има своја држава

Мицкоски: Секоја држава има своја мафија, само нашата има своја држава

Македонските граѓани, сите ние ја имаме судбината да ја живееме онаа фраза која важеше за некои држави на балканот од минатото, “секоја држава има своја мафија, само нашата очигледно дека има своја држава”, изјави на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Ќе слушнам ,ќе речат случајот Рекет бил наместен случај од опозицијата за рушење на правната држава, чисто фијаско од одбрана, приказна за мали деца во која ни тие самите не веруваат, а голем дел велат комичен настап, во случај кога сите го напуштаат бродот на власта која катадневно тоне.
И треба да знаат дека немаме правна држава, зошто тие ја убија и погребаа. А да имавме немаше Катица Јанева да биде на слобода, а главата на октоподот наместо со лисици на рацете да се заканува врз новинари и забошотува скандали.“

Според него навреда на интелегенцијата на народот е кога скапо платените со државни пари ПР советници го советувале оној кој е глава на октоподот, да излезе и да даде скандалозна изјава, со насока “шефе колку повеќе дехидрирате од критика на вашите доскорешни пријатели, а богами и пулени, толку повеќе ќе си ја отргнете вината за вашето замешателство во работите”.

„Заборавиле дека народот не е со кратко помнење и народот ги знае сите лица и маски на Заев. Ја знае онаа кога со скрстени раце на срцето и со блага насмевка се колне во жицата во најмилото дека нема да го смени името.“

Мицкоски потенцира дека народот ја знае и онаа маска кога Заев е преполн со верба во Европските вредности бидејки тој ќе ја донел Европа во Македонија.

Народот го знае и она вистинско лице на Заев како бара мито, како пазарџиски полетно договара поткуп за Вартоломеј, и она негово сурово но искрено лице, на разгневен деспот кому сите гемии му се потонати бидејќи вистините излегуваат на виделина, дополни Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.