Актуелно 11.09.2019 14:42

Мицкоски со детали: Заев сакаше „Рекет“ да остане кај Рускоска и сакаше новиот оддел да не ги гони досегашните скандали на Заев и Владата

Мицкоски со детали: Заев сакаше „Рекет“ да остане кај Рускоска и сакаше новиот оддел да не ги гони досегашните скандали на Заев и Владата

Зоран Заев го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да новиот обвинител и новото обвинителство се занимава со корупција на избрани и именувани лица без разлика кога тој криминал е сторен, обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Мора да продолжиме да работиме по закон и тимот на новиот обвинител да го определи Советот на јавни обвинители, а не Мицкоски или Заев со закон. Да изготвиме систематизација, да ја буџетираме таа систематизација и да создадеме ресурси за да може ова обвинителство навистина  да работи и да гони висока корупција. Од страна на Зоран Заев бев прекинат и корегиран дека тие не можат, ова новоформирано обвинителство, овој нов обвинител, на предлог на опозицијата, не може да се занимава со случаи од пред да биде формиран, истакна тој.

Мицкоски тогаш потенцирал дека Катица Јанева е избрано лице, па прашал кој ќе ја има надлежноста во предметот „Рекет“.

Заев одговорил дека овој случај останува кај постојната обвинителка.

-Па чуму тогаш договараме надлежности за гонење на корупција на избрани и именувани лица? Но, јас го знам поривот, мотивот и причината зошто е тоа така. Затоа што постои основано сомневање за „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“, „Рекет 5“, но и за други кривични дела кои што оваа власт веќе трета година ги прави. Затоа им е потребна Рускоска, за да направи амнестија и да го заштити Заев и СДСМ од одговорност за сторениот криминал, порача Мицкоски.