Актуелно 13.02.2020 23:05

Мицкоски: Со законот за ЈО Заев сака да не одговора за криминалот кога ќе отиде во опозиција

Мицкоски: Со законот за ЈО Заев сака да не одговора за криминалот кога ќе отиде во опозиција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше на емисија на Алфа ТВ каде што посочи дека Зоран Заев преку законот за ЈО се обидува да се спаси од одговорност, да не одговара за своите криминали.

-Процесот околу носење на Законот за ЈО продолжува да се води на сила, како што не му доликува на Законодавниот дом практично. И тоа е она што е разочарувачки денеска на македонската политичка сцена. Но тоа е очекувано за нас бидејќи во насоката во која што се водат работите, Зоран Заев практично гледа спас за себе и за одговорноста после 12-ти април, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека денеска ова што се случува во Парламентот е се само не личи на Законодавен дом. Се тргува со секој глас, на секој човек внатре, луѓе се притискаат, се заканува, се уценува.

-Односно власта бара начин како да се добие глас повеќе. Зошто ова се случува? Затоа што не е поради квалитетот на законот, и онака овој закон треба да биде ефективен таму по 30-ти јуни 2020 година. Тој нема да стане веднаш ефективен, еве и да замислиме дека веднаш ќе се донесе, тој нема да биде ефективен сега. Туку ќе биде од 30-ти јуни 2020. Период од 4 месеци од денеска. Дури и повеќе од 4 месеци, истакна Мицкоски.