Актуелно 06.07.2020 21:11

Мицкоски: Убедливо државата е рекордер по бројот на загубени животи од корона, споредбено со земјите во регионот, поради калкулантскиот однос на Заев и Филипче

Мицкоски: Убедливо државата е рекордер по бројот на загубени животи од корона, споредбено со земјите во регионот, поради калкулантскиот однос на Заев и Филипче

На вечерашната дебата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на ситуацијата со коронавирусот истакна дека Македонија е убедливо рекордер по бројот на загубени животи од коронавирусот споредбено со земјите во регионот, заради калкулантскиот однос на Заев и Филипче

-Рекордери сме по бројот на луѓето коишто го загубиле животот поради Ковид 19 пандемијата, а сето тоа е поради калкулантскиот однос, непримерниот однос, наместо тие во Комисијата за заразни болести да бидат инфектолози, прераснаа во политиколози, рече Мицкоски.

Мицкоски покажа дијаграм за состојбата во Македонија, по бројот на луѓе коишто го загубиле својот живот од коронавирусот на 100.000 жители, во споредба со регионот и истакна дека ние денеска сме рекордери по бројот на лица коишто се инфицирани од Ковид19 пандемијата.

-Ниту Заев, ниту Филипче после 15-ти јули ќе имаат можност да одлучуваат повеќе за здравјето на граѓаните, добрата вест е што ќе дојдат луѓе компетентни, луѓе коишто знаат како да се справат, вели Мицкоски.