Актуелно 02.04.2020 11:00

Мицкоски: Владата ако ја спроведе реформата во пензискиот фонд осигурениците нема да загубат ниту денар, а државата ќе добие пари

Мицкоски: Владата ако ја спроведе реформата во пензискиот фонд осигурениците нема да загубат ниту денар, а државата ќе добие пари

Секој работодавач да добие по 50 отсто од бруто трошоците по вработен, а дел од парите од приватните пензиски друштва, државата да ги пренасочи во првиот задолжителен државен столб. Ова е дел од мерките кои како решение на економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19 ја предлага опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски во интервју за Фактор вели дека последиците од оваа ситуација ќе бидат исклучително тешки за македонската економија. Сепак, вели дека сета одговорност е кај креаторите на политиките, кај власта.

Тврди дека повеќето од нивните потези биле чисто политикантство, намерите нечесни. Македонија е пред еден од најголемите предизвици во историјата, па го прашав прво какви се неговите прогнози во овој момент.

Ќе поднесеме сега наскоро, во текот на денешниот ден една уредба со сила на закон до Владата каде се содржани сите детали за тоа. Втората мерка што ја предлагаме  веднаш средствата кои што се уплаќаат во Фондот за вториот задолжителен приватен пензиски столб, државата да ги пренасочи во првиот задолжителен државен столб. Зошто? Тоа го прават држави во криза, тоа го прават Балтичките земји Летонија, Литванија, Естонија, тоа го направија две централни европски земји како што се Полска и Унгарија. Во Словенија на пример вие немате втор задолжителен приватен столб денеска, имате државен задолжителен и потоа се приватни доброволни, кој колку сака. Оваа година вториот столб е предвидено да акумулира околу 10 милијарди денари, во првите два месеца јануари и февруари се исплатени 1, 46 милијарди, доволно да речеме еве нивното портфолио, нивниот капитал се зголемил. Остатокот 8 ипол милијарди пренесете го во Буџетот, привремено, нема да им ги земеме за трајно. Кога ќе дојдат подобри времиња ќе им се вратат назад. Но, сега нека влезат во првиот задолжителен пензиски фонд, истакна Мицкоски во интервјуто.

Во интервјуто за ФАКТОР, тој вели дека Владата ако ја спроведе реформата во пензискиот фонд осигурениците нема да загубат ниту денат, а државата ќе добие пари.

Осигурениците нема да изгубат ниту дени. Моментно државата носи мерка каде што наместо парите да ги става во две купчиња, ќе ги става во едно. На ваков начин ќе обезбедиме ликвидност, ние сега треба да преживееме. Прашањето е ако продолжиме вака дали ќе дочекаме пензија и дали воопшто ќе имаме можност да ги користиме тие средства. Трета работа која исто така е во функција на ликвидност во буџетот. Да се свикаат сите банки во државата, да им се каже дека на државата и требаат пари. Гуверенрката еднаш ја намали основната каматна стапка, може тоа да го направи и дополнително со што благајничките записи на Народната банка ќе ја намалат атрактивноста. На сметка на тоа државата ќе објави едногодишни хартии од вредност со поголема каматна стапка од благајничките записи. Дел од овие 25 милијарди што се во записи ќе ги запише државата на свое конто и на тој начин ќе обезбеди барем половина милијарда евра, кои што во овој момент се важни. После ќе биде полесно за економијата, истакна тој.

Мицкоски вели дека потребна е веднаш безусловна реализација на капиталните инвестиции, да се обезбеди работа.

-Тоа е оној план кога вие имате услови на криза и  морате да ја зголемите потрошувачката да обезбедите повеќе пари онаму каде што е трудово интензивна дејноста. Морате капиталните инвестиции да ги интензивирате за да се создаде еден вид на спирала на потрошувачка. Тоа е она кое што ние го бараме, рече во интервјуто за ФАКТОР.