Актуелно 11.12.2019 12:54

Мицкоски: Владата и Заев преку три закони ќе ја задолжат државата за нови 216 милиони евра

Мицкоски: Владата и Заев преку три закони ќе ја задолжат државата за нови 216 милиони евра

Во исто време кога СДСМ троши илјадници евра народни пари за рекламирање и спотови со кои се шират измислени успеси и лажни вести, тие во само еден ден во Собранието граѓаните ги задолжуваат со нови 216 милиони евра, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Лицемерно е кога до пред три години критикуваа зошто постојат владини реклами, а сега трошат милиони денари, но преку партијата за лажни успеси, а платени од народот. Ама во тие реклами нема ништо да слушнете за тоа дека денес Владата и Заев преку три закони кои се пред пратениците ќе ја задолжат државата за нови 216 милиони евра. Очигледно единствен бројчаник кој врти, освен оној на Заеви, т.е на најбогатото семејство на балканот, е бројчаникот по кој не задолжува власта достигнувајќи јавен долг од рекордни 5.6 милијарди евра, или додека Заев е премиер не задолжил за над 800 милони евра,или околу 4 илјади евра секој еден граѓанин, пишува Мицкоски на Фејсбук и додава:

„Како што во макроекономијата прави компромиси со нови задолжувања, во политичкиот систем прави компромиси на сметка на правото. И денес Заев молчи и нема став за забелешките на Венецијанската комисија, а изборот е или ќе прифати почитување на Уставот и ќе тргне по Европскиот пат, или ќе прифати неправда. Не може Заев да вели дека е за Европски вредности, а неевропски се однесува и не си го почитува Уставот на својата земја. Затоа ајде да поддржиме амандмани кои ќе го направат овој закон Уставен и применлив. Македонија е пред промени, а патот кон обновата за која ќе се избориме е пред се пат на вредности и принципи“.