Економија 26.04.2019 18:24

Мицкоски за Независен: Имаме нагорен тренд во поддршката кај граѓаните, очекуваме повеќе гласови

Мицкоски за Независен: Имаме нагорен тренд во поддршката кај граѓаните, очекуваме повеќе гласови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Независен весник вели дека партијата има нагорен тренд во поддршака кај граѓаните и во вториот круг од претседателските избори очекува повеќе гласови.

-Би рекол дека определена група граѓани одлучија да апстинираат во првиот круг, а одредена група одлучија да гласаат, и тоа е некаде околу 42 проценти. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ, споредено со коалицијата што застана зад Пендаровски, а која ја предводат СДСМ, ДУИ и останатите, победи во 47 општини, односно победи нашиот кандидат и иден претседател Гордана Силјановска-Давкова, вели Мицкоски и потенцира:

„Освоивме 42,5 проценти од гласовите на онаа група граѓани кои одлучија да гласаат на претседателските избори. И онаму каде што имавме директна конкурентност со СДСМ ги поразивме. Имаме нагорна линија, очекуваме поголем број граѓани да се охрабрат и да застанат зад политиките на идниот претседател Силјановска, да ни се придружат во првиот круг и таа победа да биде уште поуверлива. Тоа го темелиме на основа на тие анкети што ги правиме по првиот круг.“