Актуелно 19.01.2020 13:27

Мицкоски за Водици во Охрид: Меѓу граѓаните го чествуваше големиот празник

Мицкоски за Водици во Охрид: Меѓу граѓаните го чествуваше големиот празник

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ за денешниот голем празник беше меѓу граѓаните во Охрид.

-Денеска сме овде во Охрид, ќе ми дозволите од мое име од името на ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам овој ден на православните христијани Бог се јави, Навистина се јави, да им посакам многу здравје среќа, бериќет, за нив и нивните семејства, рече тој.

Мицкоски порача оваа година да биде година на победи.

-Да биде година на обнова, да престанат неправдите, да престанат понижувањата, да престане срамот. Јас сум оптимист, верувам во мудроста на народот и сигурен сум дека токму оваа е таа година кога ќе победи Обновата врз разурнувањето, истакна Мицкоски.