Актуелно 17.11.2019 16:46

Мицкоски за Заев: Неговата игра all in за Македонија е руски рулет каде влогот е нејзиното постоење и иднина

Мицкоски за Заев: Неговата игра all in за Македонија е руски рулет каде влогот е нејзиното постоење и иднина

Имаме влада без визија, без концепт и програма. Кај овие луѓе нема ниту идеологија, ниту кауза. Зошто тие имаат испраксирано еден па исти метод кој не е голема суштина, туку за да го применувате е само потребно да имате отсуство на морал и да немате проблем да си играте со човечки судбини.
Зоран Заев она владеење кое што го имаше во Струмица како градоначалник, сега како премиер го пресликува во Македонија. Тоа е владеење кое се потпира на две клучни карактеристики, притисок, купување и корумпирање на луѓе кои подоцна мисли дека се негови робови, затоа што мисли дека него му должат, потенцираше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Македонската Филхармонија, каде денеска се одржува 28-мата Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ под слоганот Младите за обнова на Македонија.

-Заев кога стана градоначлник не пропушти буџетите, парите на граѓаните така прецизно да ги распредели на компаниите на братучедите, роднините и блиските пријатели. Се сеќавате на оние тендери кои во Струмица завршуваа кај бате, чиче и братучедите. Па така парите на народот станаа пари на семејството Заеви. Секогаш кога имаше избори дел од тие пари одеа за поткуп, корумпирање или решавање на ситни проблеми на притиснати од мака граѓани. Откако ќе прифатите, Заевци да ви ги дадат парите тогаш вие станувате нивни робови, а цената секогаш треба да се плати и таа е неколкукратно зголемена на денот на избори. Доколку не може вака да ве скршат или уценат, тука се притисоците и заканите. А во тоа се махери. Погледнете го случајот Рекет, посочи Мицкоски и подвлече:

„Токму тоа што Заев со години го правеше во Струмица сега сака да го примени во цела Македонија. Без пардон, без скрупили. Онака голо, сурово. И затоа нема визија, нема концепт и нема програма, туку бесцелно талкање, ветување, лага, па извинување. Ако порано крмчеа буџет од 4 милиони евра во Струмица сега сакаат да си играат со буџет од близу 4 милијарди евра. Со парите на сите, без задршка. Неговата игра all in за Македонија е руски рулет каде влогот е нејзиното постоење и иднина. И така тие станаа најбогатото семејство на Балканот, а можеби во Европа, а Македонија најсиромашната земја на Балканот и најкорумпирана во Европа.“