Актуелно 06.07.2020 22:19

Мицкоски: Заев го прават среќен црвените килими во Брисел, мене ме боли понижувањето кое и го направи на земјата

Мицкоски: Заев го прават среќен црвените килими во Брисел, мене ме боли понижувањето кое и го направи на земјата

Зоран Заев, единствено го прават среќен и му оставаат впечаток, дебелите црвени килими, додека мене ме боли понижувањето, омаловажувањето и срамот кој му го предизвикавте на Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој денес учествуваше на дебата на Македонската радио телевизија со поранешниот премиер и претседател на СДСМ, каде што му посочи на Зоран Заев дека во неговите години на владеење не направиле апсолутно ништо корисно за Македонија.

Кога станува збор за тоа што сте направиле, јас ви кажав уште на почетокот, направивте само понижување, омаловажување, донесовте срам. Денес да се срамиме кога се шетаме низ Брисел, бидејќи вие имавте две и половина година можност да управувате. Знам дека за вас во Брисел само дебелите, црвени теписи и килими ви оставаат впечаток, мене ми остава друго, истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски му рече на Заев дека потпишале капитулација со која, практично, ја избришаа сета жртва на генерации херои кои се бореа за самостојна, независна македонска држава.

Не само што не успеавте, туку напротив, потпишавте капитулација и практично ја избришавте сета онаа жртва на генерации. Ги избришавте жвртвите и на Топчев, и на Пецев, и на Белев, и на Јаремов, и на Костурамов вашите струмичани за ова денеска кое што ние го живееме, а тоа е независна македонска држава, појасни Мицкоски во однос на потпишаните договори со македонските соседи.