Актуелно 06.07.2020 22:25

Мицкоски: Заев, ќе морате да ја докажувате Вашата невиност пред суд, одговорност мора да има

Мицкоски: Заев, ќе морате да ја докажувате Вашата невиност пред суд, одговорност мора да има

 На вечерашниот тв дуел гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој зборуваше за реформите во судството, како и за одговорноста која што ќе мора да ја понесе секој политичар кој се огрешил пред законот во Република Македонија.

Мицкоски вели дека Зоран Заев е човекот кој ја опустоши и понижи Република Македонија. Освен криминал, корупција и рекет, друго ништо нема направено за државата. Исто така Мицкоски потенцираше дека тоа што Зоран Заев го има во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ, кажува за Зоран Заев и неговата криминогеност и тоа е слика која што народот има право да ја знае.

 Не се тревожете премногу околу тоа дали некому сте ноќна мора или не. Мене не сте ми сигурно. И јас баш би сакал да се видиме и после изборите на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, но тогаш ќе се видиме на едно друго место каде што Вие ќе мора да ја докажувате вашата невиност”, вели Мицкоски.

-За некој да ја одбрани сопствената чест, пред се треба да е чесен и честит човек. Зоран Заев не е човек кој може да се пофали со тие особини, напротив, тој човек е извор на незаконски постапки, заврши Мицкоски.