Актуелно 24.02.2020 15:08

Мицкоски: Заев призна дека ја злоупотребил службената должност и диктирал пресуди на Врховен суд

Мицкоски: Заев призна дека ја злоупотребил службената должност и диктирал пресуди на Врховен суд

Вчера бевме сведоци на болната  вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното. Тоа е приказ како мафијата има своја држава и правдата престанува да дише, ова денеска на прес-конференција го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Зоран Заев и пукаше во чело на правдата. Заев е правдоубиецот во Република Македонија. Во исто време слушнавме лицемерие, надменост, забеганост. Слушнавме како Заев од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот суд и како Катица Јанева како тогашен прв човек на СЈО работи во координација и по наредба на Заев. Што е ова ако не погребување на правдата и фрлање на цела една држава на колена. Кога правда нема, нема ред, нема закон, и има криминал. И ова не е единствениот случај Заев да е во незгодна ситуација или еден од ретките скандали за овој човек фатен како инфлагранте го крши законот. Ова за жал на сите нас, станува пракса, непоправлив тренд на постојано вплеткување на овој човек во криминал, скандали и кршења на законот. Нема месец, нема ден, а да не никне некој нов скандал поголем од претходниот. Рекети, поткупи на квадрат, полиња со марихуана, тендери, насилие на избори, и што уште не.  И прашувате зошто? Па зошто правда нема, а чувме и зошто нема, рече Мицкоски.

Тој прашува зошто Зоран Заев вели “договорено е со Врховен”, “без Заев не се може”, “трас трас ете одлука на Врховен суд”, “Катица знае за се што треба да се случи”,… или закон за СЈО или одлука на Врховен суд ама случаите ќе паднат.