Мозаик 30.07.2018 12:58

Милионер во 10 чекори

Милионер во 10 чекори

Секој сака да биде милионер. Тоа е несомнено. Но, не е познато на кој начин секој може да го постигне тоа, освен да игра лото и да има неверојатно многу среќа. Иако не постои рецепт за тоа како да се стане милионер, ви нудиме десет едноставни, реални и можни чекори кои ќе ве одведат до таа цел, или барем ќе ве доближат.

1. Само желбата да се биде богат никаде нема да ве одведе. Освен понекогаш во криминал или во депресија. Морате да бидете подготвени да станете од креветот и да направите нешто во врска со тоа. Бидете подготвени да учите од искуствата на долгиот пат кон достигнувањето на вашите желби.

2. Поставете цели кои сакате да ги постигнете како и конкретни рокови за нивно остварување. Тоа ќе ви биде мерка за вашето делување. Многу е важно да си поставите остварливи цели. Нивното отсуство може да ве демотивира.

3. Направете план. Убаво е да имате цели, но тие нема сами да се исполнат. Морате да направите конкретен план на делување и да бидете подготвени на напорна работа според планот.

4. Создавајте мрежа на контакти кои ќе ви бидат потенцијални деловни партнери. Тоа може да бидат потенцијалните добавувачи, клиенти… Воспоставете врска со тие лица и меѓусебно помогнете си – тоа е во заеднички интерес.

5. Бидете штедливи. Стегнете го каишот и рационално трошете ги парите, особено на почетокот. Секогаш чувајте малку пари настрана. Доколку имате успех на почетокот, инвестирајте во понатамошниот развој на вашата работа, а не во луксуз.

6. Ценкајте се. Трудете се секогаш да постигнете што подобра зделка за себе. Немате што да загубите, а можете да заштедите многу.

7. Парите нека работат за вас. Мудро трошете реинвестирајќи во други области, на пример во инвестициски фондови, градежништвото…

8. Користете го времето рационално. Одморете се кога имате потреба од тоа, но секогаш имајте на ум дека времето треба да го трошите рационално, наместо да дремете пред ТВ, искоритете го тоа време да поминете некое време со семејството.

9. Постојано учете и усовршувајте се. Новите знаења секако дека ќе ви бидат од корист, односно тие се неопходни за континуиран успех. Условите за работење во денешно време се менуваат постојано, пратете ги. Информирајте се за новите производи, технологии… бидете секогаш во тек.

10. Уживајте во тоа што го работите и направете другите да го видат вашиот ентузијазам. Тоа ќе ви биде голем бонус. Од вас зависи целиот ваш успех