Актуелно 17.04.2019 12:06

Милошевски: Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот

Милошевски: Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот

Охрид мора да е убав, да функционира. Охрид не смее да биде заборавен, ниту запоставен. Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет. Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот, истакнува Митре Милошевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид.

Тој најави неколку проекти од својата програма кои ви ги пренесуваме во продолжение: 

Изградба на нов плоштад Студенчишта

Пешачко-рекреативните патеки од мостот кон Хотелот Парк и од Котва до Билјанини Извори наметнаа потреба да се изгради нов модерно хортикултурно-уреден парк на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ и ресторанот „Котва.

На самиот плоштад, ќе има и парк за миленици кој ќе биде ново препознатливо место во градот, а додека сме тука да потенцирам дека состојбата со бездомни животни веднаш ќе биде решена.

За убав град:

Изградба на Кеј како модерно шеталиште за охриѓани и туристите, Реконструкција на плоштадот Крушевска република со кој се добива нов и модерен лик, Уредување на парковите на влезовите на Охрид, Доуредување на плоштад во Љубаништа.

Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки. Преку добрите решенија директно даваме придонес за почиста и поздрава животна средина.

-Со напорна работа и максимална посветеност да придонесеме за подобра Локална самоуправа. Градот мора да се развива и да има успеси. За подобри улици, патишта, канализациони мрежи, учлишта, градинки, спортски сали, паркови, локални индустриски зони, и многу многу други проекти. Нашата работа ќе биде таа која носи поубав и подобар град, подобар живот и подобра иднина. Затоа на 21 април, бројот 5 е единствениот избор за убав Охрид. 5 за убав град, Охрид повикува, истакна Милошевски.