Актуелно 08.11.2018 22:09

Милошоски до Анѓушев : Кога ќе го спроведете проектот што го ветивте 15 % поврат на ДДВ како 13 плата за секое семејство

Милошоски до Анѓушев : Кога ќе го спроведете проектот што го ветивте 15 % поврат на ДДВ како 13 плата за секое семејство

Во вечерашната емисија Отворено  на Канал 5  гостуваше актуелниот вице премиер Кочо Анѓушев. Во емисијата се дискутираше за економската состојба и за скандалите што го следат вице премиерот во поглед на стечајот на“ Фени Индустри“ и воведувањето на  прогресивниот данок.

 

Бидејќи емисијата оди во живо актуелниот пратеник  од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски му постави прашање на вице премиерот  кога планираат да го почнат проектот кој го ветија пред изборите  со премиерот Заев а тоа е 15 % поврат на ДДВ како 13 плата за секое семејство.

„Г-н Анѓушев наместо да ги оптоварувате граѓаните со нови давачки ќе бидете ли љубезен да објасните кога ќе почнете со проектот поврат на 15 % ДДВ што заедно со Зоран Заев го ветувавте“ праша Милошоски.

Инаку, граѓаните велат дека Владата константно ги оптоварува со нови давачки и нови даноци  како што е прогресивното оданочување  и сега актуелното укинување на додатокот за трето дете додека сите работи кои ги вети како повратот на ДДВ воопшто и не се размислува да се воведат.

Инаку на прашање на новинарката во емисијата што стана со предизборното  ветување на Владата поврат  на ДДВ што беше ветувано наголемо од Премиерот  Зоран Заев вице премиерот кажа дека се прави опширна анализа за да се спроведе ваква реформа.

„Пред било која реформа да ја направите потребна е  една опширна анализа, таа анализа се работи во Министерството за финансии, на економски совет сме ја разгледувале, Министерството ќе излезе со анализа и ќе го каже ставот по тоа прашање “ кажа Анѓушев.

 

Инаку, голем дел од стопанствениците и сојузот на Стопански комори апелираше за анализа и дискусија во поглед на прогресивното оданочување кое се донесува два месеци пред почетокот на новата година и стопанствениците ја немаат вкалкулирано во плановите за работење за наредната година како трошок но Министерството за финансии  немаше слух за стручното мислење. Граѓаните коментираат дека на Владата очигледно и се приоритет  воведувањето  на  зголемени  даноци  и давачки додека ветувањата   на која ја базираше својата програма и предизборна кампања а воедно и за тоа ја доби довербата од граѓаните нема намера да ги реализира.