Актуелно 15.09.2018 00:31

Милошоски: Устав продава само купен политичар!

Милошоски: Устав продава само купен политичар!

Устав се менува само во вонредна и воена состојба, никој не менува устав во мирнодропски услови. Ниту една политичка гарнитура не говорела за промена на Уставот на Република Македонија. За прв пат не само што се зборува, туку и се оди во насока да го смени, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски гостувајќи на телевизија 24.

-Устав продава само купен политичар, посочи Милошоски.

Според него ниту ниеден пратеник не е изгласан да го смени Уставот.

-Никој не не гласал за да го смениме Уставот, и не мсееме да го направиме тоа, потенцираше Милошоски.

Власта, вели Милошоски, знае дека нема да успее референдумот затоа одлучи референдумот да биде консултативен.