Актуелно 22.08.2019 11:21

Милошоски: Законот за СЈО е јасен- при престанок на мандатот на специјалниот јавен обвинител, новиот се избира според постапката утврдена во членот 3 од Законот

Милошоски: Законот за СЈО е јасен- при престанок на мандатот на специјалниот јавен обвинител, новиот се избира според постапката утврдена во членот 3 од Законот

Според членот 18 став 4 од Законот за јавно обвинителство, Советот на Јавни обвинители има надлежност да именува само вршител на должност на Јавниот обвинител на Република Македонија, до изборот на нов, а не да именува вршители на должност на други обвинителства, уште помалку да бира в.д на Специјалното јавно обвинителство, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

-Законот за Специјалното јавно обвинителство е јасен. При престанок на мандатот на специјалниот јавен обвинител, новиот се избира според постапката утврдена во членот 3 од Законот. Законите секогаш се толкуваат според целта и намерата на нивното донесување. Нивното произволно толкување од страна на Јовески и на Заев не може да биде посилно од законската норма. Во спротивно нема да чуди ако Советот на јавни обвинители добие задача од Јовески или Заев да изберат и в.д министер за финансии и в.д државен ревизор, како и в.д директор на МКЦ!?, пишува Милошоски на Фејсбук.