Економија 22.02.2019 14:56

Минималната плата годинава нема да биде над 13.000 денари

Минималната плата годинава нема да биде над 13.000 денари

Ако се подобри економијата, ќе се зголеми минималната плата, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Не откри колку ќе изнесува, но потврди дека е обезбедена финансиска поддршка за да можат помалите компании да го издржат притисокот. Професорката Благица Петрески пак вели дека износот не смее да надмине 13.000 денари. И двете соговорнички велат дека скоро нема да се зголеми старосната граница за пензинирање. Во видео поткастот на РесПублика министерката Царовска говори и за последниот развој на скандалот со непрефрлените 19 милиони евра од првиот во вториот пензиски столб.