Актуелно 23.07.2024 12:41

Минималните трошоци со континуиран раст: За 3 години зголемени околу 78 насто

Минималните трошоци со континуиран раст: За 3 години зголемени околу 78 насто

Инфлацијата и општата скапотија која ја чувствуваме на секој чекор само го зголемуваат притисокот.

На едно македонско семејство му требаат минимум 60.570 за да може да го преживее месецот, а доколку нема сопствен дом и плаќа кирија, тогаш трошоците се зголемуваат на 75.945 денари. Според податоците од Сојузот на синдикати на Македонија, јули во споредба со претходниот месец трошоците се зголемени за 245 денари.

Јазот меѓу приходите и потребите на граѓаните е драстично зголемен во изминатите 14 години, но најдраматичен е растот во последните неколку години. Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јули 2021 година изнесувала 34.128 денари, што значи дека за 3 години е зголемена околу 78 отсто.

Според последните податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41.085 денари. Податоците покажуваат дека едно четиричлено семејство кое живее под кирија за да го преживее месецот потребно е да работат двајцата во семејството и да земаат близу 40 илјади денари плата.

За споредба, во декември 2010 година, кога ССМ за првпат објави податоци за синдикалната кошница, таа тежела 29.199 денари, а декемвриската просечна нето-плата била 21.454 денари. Разликата меѓу кошницата и просечната плата пред 14 години била 7.745 денари.

Податоците за јули 2024 година покажуваат дека најмногу пари се потребни за храна што за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци иле потребни 6.014 денари.

Од 2012 година до 2020 година, потрошувачката кошница се зголемила за 1.715 денари. Но, од 2021 година трошоците за живот почнуваат галопирачки да растат, а инфлацијата го подјаде стандардот.

Ваквите минимални потреби станаа преголем залак за голем дел од македонските домаќинства, особено за тие чии примања се под просечната плата, а такви се најголем дел од работниците што работат во стопанските дејности.

Според претседателот на Собранието на Организација за работодавци на Македонија, Ангел Димитров, од податоците за просечната плта објавени април 2024 година излегува дека просечната плата покрива само 54% од потрошувачката кошничка или 68% ако семејствата живеат во сопствен дом и не плаќаат кирија. Ако се споредат податоците со декември 2010 година, кога просечната плата покривала 73 отсто од потрошувачката кошница, тогаш значи дека овој однос се намалил за 19 отсто.

– Во земјите околу нас постои разноликост во однос на минималната потрошувачка кошничка. Некаде, како на пример Србија, минималната потрошувачка кошничка ја пресметува и објавува Министерството за трговија. Така во Србија се објавува просечна потрошувачка кошничка и минимална потрошувачка кошничка. Објавените податоци за Февруари 2024 покажуваат дека за да се покрие просечната потрошувачка кошничка се потребни 1,09 просечни плати, а да се покрие минималната потрошувачка кошничка потребно е 90 отсто од просечната плата во земјата – објаснува Димитров.

Во БиХ, додава тој, се објавува синдикална потрошувачка кошничка, слично на Македонија, и во мај 2024 со просечната плата се покривале само 46 отстоо од кошничката а со минимална плата само 21 отстоод кошничката.
-Во Црна Гоа, синдикатот бауа просечна потрошувачка корпа и минимална потрошувачка корпа. Таму со просечната плата се покривале само 40 отсто од просечната потрошувачка кошничка, а од Минималната потрошувачка кошничка се покривале дури 96% – нагласува Димитров.

Тој укажува дека стандардот на граѓаните најдобро се споредува според куповната моќ на населението пресметано преку бруто-домашниот производ по жител во земјата коригиран за цените т.е. паритетот на куповната моќ. Според податоците на Еуростат споредено со просекот на Европа, граѓаните на Луксембуг имаат куповна оќ која и 256 отсто во однос на просекот на Европа. Од земјите во регионот најголема куповна моќ имаат Хрватите и изнесува 73 отсто од просекот во Европа, Црна гора со 50 отсто, Србија со 44%, Македонија со 42%, Босна и Херцеговина со 35% и Албанија со само 34 отсто од европскиот просек.

-Заштитата на граѓаните од растот на цените со државен интервенционизам, како на пр. замрзнување на цените, може да се применува само на краток рок. На долг рок оваа мерка ќе доведе до нови еусглсеос и полеми. Затоа единствен „здрав“ раст на стандардот на граѓаните преставува зголеменото производство на стоки и услуги.

Но, за да се постигне тоа се потребни нови инвестиции, зголемено знаење и подобрени услови на стопанисување. За ова ни се потребни реформи во образованието, реформи на државната администрација и укинување на сите бирократски процедури кои го гушат бизнисот и ја умртвуваат желбата за претприемништво – посочува Димитров.