Ова е темата од која бега министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Таа била поканета од телевизија Алфа да се соочи со граѓани кои се засегнати од лошите политики, но немала време за тоа.
– За своите проблеми зборува Бранкица Димитровска- лице со хендикеп и Зоран Мијалков, родител на дете со аутизам, со кого снимивме интервју. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска иако уредно поканета на почетокот на работната недела, не одговори на поканата. А во телефонски разговор инициран од наша страна денеска портпаролот на министерството ни одговори дека имале други обврски. Токму затоа министерката доби празно столче во Отворено на Алфа. Вклучете Алфа и слушнете ги проблемите со кои се соочуваат лицата со хендикеп, кога веќе министерката нема време и има други обврски. Проблемите на нашите сограѓани, лица со посебни потреби заслужуваат да бидат слушнати, објавија од телевизија Алфа.
Министерката во Владата на Заев, Царовска, денес не се појави ниту на настан во „Даре Џамбаз“, каде се говореше за законските измени. Додека таа немаше време, ја чекаа голем број на лица со хендикеп.