Актуелно 27.03.2019 11:57

Министерот Филипче во изборен молк тера кампања за Стево Пендаровски

Министерот Филипче во изборен молк тера кампања за Стево Пендаровски

Додека се прогласува епидемија на морбили низ други градови во Македонија, се разболуваат здравствени работници од морбили, Филипче тера кампања во ек на изборен молк за Стево Пендаровски.

Од 16.03-22.03.2019, според Институт за јавно здравје пријавени се вкупно 104 случаи на мали сипаници. Од почетокот на епидемијата во Скопје во декември 2018 заклучно со 22.03.2019, се регистрирани 659 случаи на мали сипаници, од нив 522 се пријавени во епидемијата во Скопје.

Овој податок сепак е небитен за министерот за здравство, како што беше податокот за умирање на граѓани од грип.

Додека се случува невидена катастрофа и колапс во здравството, министерот оди по партиски средби и се слика со своите партиски војници, и врши промоција на нивниот кандидат за претседател на Македонија, кога треба кандидатите и партиите да не се промовираат пред да започне кампањата.

Но очигледно законите за Филипче и СДСМ не важат.