Актуелно 21.02.2019 23:01

Министерството за правда бара санкционирање на напаѓачите на Јанакиески и Ристовски, но и на оние кои тоа не го спречиле

Министерството за правда бара санкционирање на напаѓачите на Јанакиески и Ристовски, но и на оние кои тоа не го спречиле

Министерството за правда најостро го осудува вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје.

Од таму велат дека очекуваат санкционирање на сторителите на насилство, но и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации.

Воедно, од Министерството, бараат и очекуваат сите надлежни институции да одговорат на највисоко професионално ниво во расветлувањето на денешниот настан.