Актуелно 19.11.2018 22:27

Миновски: Трендот на зголемувањето на јавниот долг е загрижувачки и алармантен

Миновски: Трендот на зголемувањето на јавниот долг е загрижувачки и алармантен

Во вечерашната емисија на ТВ 24 „Тренд  Анализа “ гостуваа поранешниот  министер за финансии  Кирил Миновски, универзитетскиот професор  Никола Попоски и актуелниот советник во премиерскиот кабинет Фатмир Бетиќи   каде се дискутираше за  буџетот за 2019 година  кој е историски   најголемиот буџет  проектиран некогаш во Македонија  .

 

Имено, поранешниот министер за финансии од редовите на ВМРО ДПМНЕ Кирил Миновски  кажа дека буџетот нема некои големи структурални промени и дека проектираниот раст на јавниот долг за наредните години е загрижувачки.

 

„Гледаме еден тренд на зголемување на јавниот долг кој што ќе продолжи и во наредниот период кој што мислам дека негде би стигнал и до 53 % што секако е веќе е загрижувачка појава. “ – кажа Миновски

 

Тој истакна дека во минатото истата Влада  алармирала на јавен долг од 47 %  додека сега во овој случај  јавниот долг е проектиран на некој си 53 %  што е значително повисок.