Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Државата Израел, Н.Е. г-ѓа Вивиен Ајсен.
-На амбасадорката и посакав добредојде во Македонија и успешна работа во остварувањето на нејзината дипломатска мисија. На средбата упатив благодарност до израелските медицински тимови и медицинскиот центар „Шиба“ за поддршката која ја пружија после трагичната несреќа во Кочани во март годинава. Очекувам плодна соработка и зацврстување на воспоставените тридецениски пријателски македонско-израелски односи и градиме партнерства кои се засновани на взаемна доверба и поддршка, истакна Мисајловски.