Актуелно 09.02.2019 15:19

Мисајловски до СДСМ и власта: Ајде сите заедно да го слушнеме гласот на народот на предвремени парламентарни избори

Мисајловски до СДСМ и власта: Ајде сите заедно да го слушнеме гласот на народот на предвремени парламентарни избори

Имаме одлична можност овој викенд да имаме една убава средба со НДИ  и со УДСАИД и да разговараме за тековните политики, што се случило во минатото, а секако да гледаме и кон иднината. Одлични средби, одлични можности заедно со Пратеничката група, раководството, Извршниот, Централниот Комитет како и со други структури на партијата каде разговараме на многу теми, ова денеска за КУРИР од Струга на семинарот со наслов „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Националниот демократски институт го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Одлично е што гледаме што во минатото што се случувало во друга насока, да ја подобриме таа насока, да гледаме кон иднината и да ги подобриме сите структури во партијата. Интересно е што во овој период се распишаа и претседателските избори, имаме една интересна демократска трка во самата партија каде што имаме повеќе кандидати кој започнаа веќе да одат на терен и по општинските комитети. Овој турнус на сите кандидати кој што ќе можат да се обратат пред делегатите е одлична можност и шанса да ја покажеме демократијата во ВМРО-ДПМНЕ. Ги поздравувам сите кандидати тоа што го прават и се претставуваат како личности, се разбира ја претставуваат и својата визија и ја претставуваат својата програма. Се надевам дека овие неколку денови се до нашата претстојна Конвенција која ќе се одржи во Струга следниот викенд ќе имаме одлична можност сите комитети да ги запознаат кандидатите и секако на таа Конвенција да победи најдобриот кандидат, кој се разбира ние сплотено и заеднички ќе го поддржиме и ќе одиме кон таа победа, потенцира Мисајловски.

Тој нагласи и на важноста власта да распише предвремени парламентарни избори.

-Како што можевме да слушнеме од високи владини претставници велат дека многу било важно да го слушнат гласот на народот, ние ги повикуваме ајде да го чуеме сите заедно гласот на народот и да видиме вие што имате да испорачате и она што го лажевте во минатото сега да им го објасните на граѓаните зошто е тоа така. Ние ќе излеземе со одлична програма и ги повикуваме уште еднаш „Ајде охрабрете се“, бидејќи сакате да се фалите со вашите политики, ајде народот да процени дали се тие реални и дали ја имаат вашата доверба. Ајде да излеземе и на предвремени избори за народот да си го каже своето мислење, нагласи Мисајловски.

Најнови вести