Актуелно 18.02.2025 12:48

Мисајловски: Македонија и Западниот Балкан мора забрзано да се движат на евроинтегративниот пат

Мисајловски: Македонија и Западниот Балкан мора забрзано да се движат на евроинтегративниот пат

Плодна посета и суштински разговори за зацврстување на соработката со сојузничка Словенија, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

– Благодарност за несебичната и континуираната поддршка од страна на Република Словенија која е видлива и во делот на евроинтеграцискиот процес. Оваа поддршка беше потврдена на средбите со претседателката Наташа Пирц Мусар и со мојот колега Борут Сајовиц. Македонија и Западниот Балкан мора забрзано да се движат на евроинтегративниот пат. Европската Унија е наш заеднички дом, а Словенија силен поддржувач за полноправно членство на нашата татковина во Унијата. Чекориме напред и ја развиваме меѓусебната одбранбена соработка. Потпишаниот план за билатерална соработка за 2025 година е потврда дека продолжуваме со ист интензитет и во иднина. Благодарност до сите припадници на словенечките сили од армијата, полицијата и управата за заштита и решавање, кои ни помогнаа во борбата со пожарите изминатото лето. Во знак на почит и благодарност заедно со градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов доделивме плакети и признанија за нивната професионалност, пожуртвуваност и помош која дојде во најбрз можен рок, истакна Мисајловски.

Оддадовме почит на паднатите во војната за Словенија во 1991 година. Никогаш да не се повтори, додаде Мисајловски.