Актуелно 17.09.2026 10:04

Мисајловски: Македонското знаење и иновации можат да придонесат за модерна одбрана

Мисајловски: Македонското знаење и иновации можат да придонесат за модерна одбрана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера го посети N99 Technology Park, каде што одблизу се запозна со капацитетите, проектите и визијата на тимот за развој на современи технолошки решенија.

Во фокусот на посетата биле областите на вештачката интелигенција, роботиката, сајбер-безбедноста и одбранбените технологии, кои, како што посочи Мисајловски, имаат сè поголемо значење за безбедноста и отпорноста на современите држави.

„Како Министерство за одбрана, ја препознаваме важноста на соработката со домашниот технолошки сектор и создавањето услови македонското знаење и иновации да придонесат кон развојот на нашите одбранбени капацитети“, објави Мисајловски.

Министерот упати благодарност до тимот на N99 за гостопримството, како и за презентацијата на нивните проекти и потенцијали.