Имaме сознанија дека се работи за непријатни измени на Уставот, односно за нови амандмани кои се спремаат за да се измени Уставот, но се кои се кријат од јавноста, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во своето гостување во Дневникот на Алфа телевизија.
-Прашањњето е зошто се крие од јавноста. Ако имаме референдум и граѓаните треба да да бидат запознаени со целата содржина, за она што би гласале, треба да ја знаат вистината. Имаме уште една недела до крајот на овој процес, а вистината ја нема. Тие што сакаат да го сменат вековното име на Македонија, тие треба да кажат пред граѓаните, што се крие, шро е целта, ако е нешто непријатно и се крие, тоа е непријатно за граѓаните. Ова е една очајна политика, овие политичари се во очај, веќе не знаат како да го манипулираат народот и пробуваат со секоја лага да допрат до него и да го натераат да направи нешто што не по негова волја, рече Мисајловски.