Актуелно 20.09.2019 11:04

Мисајловски оствари средба со граѓаните на Шуто Оризари: „Заедно да тргнеме кон нашата заедничка цел, а тоа е победа за Македонија“

Мисајловски оствари средба со граѓаните на Шуто Оризари: „Заедно да тргнеме кон нашата заедничка цел, а тоа е победа за Македонија“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, синоќа беше во посета на Шуто Оризари, каде оствари средба со голем број на граѓани.

-Заедно со генералниот секретар Игор Јанушев имавме одлична средба во Општинскиот комитет Шуто Оризари каде што можевме да видиме мотивирани луѓе кои сакаат да има промени и што поскоро да си замине оваа ненародна власт. Веќе секој знае дека оваа влада набрзо ќе падне, затоа вратите на ВМРО-ДПМНЕ се отворени за сите добронамерни граѓани да ни се приклучат и сите заедно да тргнеме кон нашата заедничка цел, а тоа е ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА, објави Мисајловски на својот Фејсбук профил.