Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска го посети инженерискиот баталјон на Армијата во Ќојлија и изврши увид во градежни активности кои опфаќаат целосно внатрешно реновирање на објектите.



-Станува збор за проект во вредност од над 10,7 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Министерството за одбрана. Припадниците на инженерискиот баталјон со својата професионалност и посветеност секојдневно ги исполнуваат оперативните активности. Новата инженериска механизација, обезбедена со поддршка од Европскиот мировен фонд, и реконструкцијата на објектите обезбедуваат подобри услови и успешно реализирање на активностите, вели Мисајловски.


Тој додаде дека продолжуваат плански и одговорно да инвестираат во модернизација и реконструкција на армиската инфраструктура, создавајќи подобри услови за припадниците на Армијата