Актуелно 27.03.2020 14:23

Мисајловски: Прво велеа дека “блескаме“, па дека фалат 2 милијарди во буџетот, народот мора да ја знае вистината

Мисајловски: Прво велеа дека “блескаме“, па дека фалат 2 милијарди во буџетот, народот мора да ја знае вистината

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во „Click Plus“ на ТВ21 порача дека граѓаните мора да ја знаат вистината и дека треба да знаат колку пари фалат во буџетот.

-Добиваме различни изјави во неколку дена, дали буџетот е ликвиден и дали има доволно пари. Пред неколку дена слушнавме дека е во одлична кондиција, дека блескаме, но пред неколку дена слушаме дека фалат 1,3 милијарди евра, а сега слушнавме дека околу 2 милијарди фалат во буџетот. Јас би сакал да прашам што е вистината? Народот треба да знае колку средства фалат, порача Мисајловски.