Денеска во вестите на Канал 5 телевизија гостин беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, тој кажа дека партијата секогаш била за членство на Македонија во Европската унија и НАТО.
-Јас во минатото сум имал можност три пати да го бранам извештајот на Република Македонија за НАТО. Но, сите оние реформи што се потребни за Република Македонија, она што навистина не кочи, она за подобар живот на Република Македонија и за граѓаните во Република Македонија, нас ни требаат реформи сушстествени. Европа не бара криминални тендери, Европа бара чесни луѓе, изјави Мисајловски.
Тој побара од сите политичари да покажат дека работат чесно и транспарентно како што говорат, дека народот тоа го очекува од нив, а не само излитени фрази.
-Ако постојано вие го лажете народот, тој е многу паметен и тоа ќе го оцени. Доста е фабрикување на изјави колку да го натераме народот колку да излезе и да поддржи нешто што не го гледа, дајте да видиме европски вредности. ЕУ има добри реформи, дајте да ги поддржиме, и без да не приморуваат ние мора тоа сами да го правиме, и како институции и како граѓани. Тогаш ние ќе стигнеме и до Европа поблиску, ќе стигнеме и до НАТО поблиску и до сите оние институции од кои што ние сакаме да бидеме дел. Но, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски тоа го кажаа, дека сме за ЕУ и за НАТО и ќе останеме, но да не се става во главата на граѓаните дека ова не е штетен договор, бидејќи е штетен, изјави Мисајловски.
Тој побара од СДСМ и од Владата доколку имаат различни мислења да го кажат тоа, но навистина како што е, а не како во изборните кампањи кога имаше многу ветувања, а сега нема ништо.
-Со една фраза каде што кажуваат дека е зачуван македонскиот јазик, а отсекогаш сме го имале, јас во моментов со вас говорам на македонски јазик, бидејќи отсекогаш сум го говорел и ќе го говорам. Тој е зачуван отсекогаш, тој е наше право, стекнато право и не може никој да ни го одземе. Што добиваме и што губиме може да прочитаме во еден куп членови, бидејќи па никаде не се спомнува Република Македонија, изјави Мисајловски.
Тој кажа дека ако договорот беше толку добар, граѓаните тоа веднаш ќе го знаеја, на избори ќе било кажано ова што се очекуваше.