Актуелно 10.10.2018 13:39

Митевски: Поради незадоволството на аеродромци, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара седница со овие 2 точки

Митевски: Поради незадоволството на аеродромци, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара седница со овие 2 точки

Спротивно на апелите на граѓаните за неградење, шверцерски во екот на ноќта во текот на вчерашниот ден со одобрение издадено од Марин, багери и тешка механизација пристигнаа на локацијата кај „Мајчин дом“ и почнаа со градежни активности, истакна Дејан Митевски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

-Марин пред изборите ветуваше повлекување на ДУП – от и повеќе зелени површини за Аеродром. Состојбата сега е сосема спротивна. Наместо повлекување на ДУП – от, Марин издал и одобрение за градба со што ставил потпис на како што велеше пред изборите на еколошката катастрофа за Аеродром и запирањето на струењето на воздухот во општината, рече Митевски и додаде:

„Работењето на локалната самоуправа спротивно на интересите на граѓаните е недозволиво. Имајќи ги во предвид барањата и незадоволството кое го изразуваат жителите на Аеродром од изградба на девет катницата кај „Мајчин  дом“, во име на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска поднесуваме Барање за свикување на седница на Советот на општина Аеродром со две точки на дневен ред:

1. Донесување на Предлог одлука за запирање на спроведувањето на деталните урбанистички планови и тоа:

– ДУП за градска четврт И10, кај Мајчин дом

– ДУП за локалитет Црква – УЕ Б Тобако.

2. Донесување на Предлог одлука за задолжување на Одделението за урбанизам во рок од 30 дена од донесување на одлуката да изврши ревизија на двата горенаведени урбанистички планови и да го информира Советот на општина Аеродром.

Имајќи го во предвид јавниот интерес, апелираме седницата на советот да биде закажана во најкраток можен рок. Потенцираме дека доколку СДСМ не ја свикаат седницата, членовите на советот сами ќе се состанат согласно чл.39 ст.3 од Законот за локална самоуправа“.

Тој подвлече и дека ветувањата на Марин и СДСМ за зачувување на зеленилото и повеќе нови зелени површини беа само една обична лага, за предизборно манипулирање на граѓаните.

-Граѓаните видоа дека Марин не работи во нивен интерес. Градежниот хаос не смее да продолжи. Марин и СДСМ да ги прифатат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ во спротивно ќе докажат дека воопшто не им е важно што мислат граѓаните.