Актуелно 05.03.2019 22:06

Митевски: Раководни лица во МВР се присилуваат да си дадат отказ, за на нивни места да се вработат партиските војници на СДСМ

Митевски: Раководни лица во МВР се присилуваат да си дадат отказ, за на нивни места да се вработат партиските војници на СДСМ

Поранешниот прв човек на ДБК  Горан Митевски во емисијата Отворено на Алфа телевизија истакна дека раководни лица во МВР се присилени да потпишуваат изјави дека се откажуваат од работните позиции од семејни и лични причини, за да на нивно место се вработат партиски кадри на СДСМ.

Митевски вели дека станува збор за партиска злоупотреба на објавениот јавен оглас од страна на новата Оперативно – техничка агенција ОТА кој што иако бил објавен луѓето кои се вработиле биле примени по партиски списоци на владејачката партија.

-Сето тоа се случува и во Министерството за внатрешни работи, по мои информации во последниве 3 месеци започнувајќи од декември месец масовно се менуваат кадрите во Бирото за јавна безбедност,со барање овие лица да потпишат изјави дека работните места ги напуштаат од семејни и лични причини, вели Митевски.

Тој истакна дека овие раководни лица се присилени на тоа и на нивно место доаѓаат млади неискусни кадри кои допрва ќе треба да се обучуваат. Постои големо незадоволство од страна на вработените во МВР од луѓе кои се и симпатизери на СДСМ, како министерот Оливер Спасовски дозволил и не ги испочитувал подзаконските акти за избор на раководни лица преку интерни конкурси, вели Митевски.

-По секоја цена се менуваат предходните раководни кадри во МВР пред претседателските избори заклучно со 8 февруари, каде речиси сите раководни позиции со нови неискусни кадри, партиски избрани, вели Митевски за Алфа.