Актуелно 28.10.2020 13:31

Митко Јанчев слави со Вице Заев, ќе протестира за Зоран Заев – СДСМ си најде спаринг партнер во градоначалникот на Кавадарци

Митко Јанчев слави со Вице Заев, ќе протестира за Зоран Заев – СДСМ си најде спаринг партнер во градоначалникот на Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во последно време не ја крие својата блискост со актуелната власт, но и со премиерот лично и неговото семејство.

Така, изминатиов период Јанчев даде низа изјави кои насочуваат на тоа дека тој е поддржувач на Зоран Заев, но и пријател со неговиот брат Вице Заев.

За градоначалникот на Кавадарци е грешка да се користи уставното име на Република Македонија, а истакнувањето на симболи од македонската историја, не му се поважни од тоа Бугарите да не му замерат.

Да почнеме со ред, презентирајќи ги неговите изјави од изминатиов период кои се чист доказ дека СДСМ си најде спаринг партнер во Јанчев.

Јанчев: Кога станав потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ го частев и славев со Вице Заев

Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци шокира со изјавите откако во своето гостување во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов, рече дека денот кога станал потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ го частел пијачка Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев во Бугарија Банско.

-Тоа е во Банско, дента кога станувам потпретседател на партијата и ние како македонско ткиво кое бевме во Банско седнувам и ги частам пијачка, им велам јас станав потпретседател напијте се нешто, вели Јанчев.

Јанчев тргна слика од масакрот кај Ваташа поради средба со бугарски амбасадор

Градоначалникот на Кавадарци ја тргнал од својот кабинет сликата со мотиви од масакрот кај селото Ваташа во која од бугарската фашистичка војска се убиени 12 младинци.

Во емисијата „Во Центар“ Митко Јанчев признава дека смената на сликата се случила пред средбата со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и дека претходно на средба со американски амбасадор се сликал пред сликата со масакрот кај Ваташа.

Јанчев: Згрешив што напишав Република Македонија

За Јанчев претставува и грешка тоа што тој напишал Република Македонија на еден статус. Вели се плашел дека ќе го нападнат за тоа, па сега бил свесен и вели дека згрешил што го напишал името Република Македонија, а не со Северна, како што Зоран Заев ни го додаде пазарејќи се со Грција.

Митко Јанчев: Дај Боже сите да бидеме како Заев

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на трибина зборуваше за тоа каков лидер сака да биде тој лично.

-Дај Боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме ќе бидеме како Швајцарија, порача Јанчев.

Дополнително, Јанчев повикува на протест против актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во време кога во државата се случуваат големи трагедии и скандали, на градоначалникот на Кавадарци му е единствено важно ВМРО-ДПМНЕ да добие лидер по мерка на Зоран Заев, односно самиот тој.

Во Македонија коронавирусот покосува. Имаме двоцифрен број на починати секој ден, бројот на заразени е огромен. Владата покажа дека не е способна да спроведе мерки кои ќе имаат ефект и со кои ќе ги заштитат македонските граѓани. Освен со здравствена, народот се соочи и со економска криза. Зоран Заев и Митко Јанчев како богати бизнисмени можеби тоа не го знаат, но голем дел од граѓаните немаат пари ни за своите основни потреби.