Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“, на денешната седница рече дека не е задоволна од одговорот на министерот Венко Филипче.
-Овој одговор кој што го добив од вас не кореспондира со поставеното прашање. И од него се гледа дека вие всушност не чувствувате никаква морална одговорност за сите криминални тендери кои што ги спроведовте за овој краток период откако сте министер за здравство, појасни Митовска.
Митовска посочи на Филипче дека не чувствува морална одговорност за сите пропусти во здравствениот систем. Во одговорот освен статистички податоци кои што бројките можеме да ги најдеме ако ги следиме секојдневните настани, и од сите изјави од министерството за здравство. Значи овие податоци веќе целокупната јавност ги има слушнато.
-За жал ова ни покажува дека вие всушност немате ниту визија што треба да направите, ниту знаете што се случува во овој период во здравството, истакна Митовска.