Актуелно 15.08.2024 13:56

Мицкоски: 50% од производите кои ќе се нудат преку трговскиот синџир „Лидл“ да бидат македонски

Мицкоски: 50% од производите кои ќе се нудат преку трговскиот синџир „Лидл“ да бидат македонски

Очекуваме 50% од производите кои ќе се нудат преку трговскиот синџир „Лидл“ да бидат македонски, изјави премиерот Христијан Мицкоски, како одговор на прашање за што е разговарано со менаџерскиот тим на инвеститорот.

Според него, овој процент компанијата може лесно да го постигне бидејќи наши компании веќе пласираат производи во ој на „Лидл“ низ Европа.

– Видете, компанијата е тука присутна повеќе години. Од тоа што ни беше презентирано, повеќе од стотина милиони евра веќе се инвестирани и наша цел е од процентот којшто ни беше претставен со кој ќе бидат застапени македонски производи на рафтовите на компанијата, да дојде многу скоро до 50 проценти. Сега не би зборувал кој е тој процент, но е далеку од тоа ние што го очекуваме како Влада. Ние очекуваме минимум 50 проценти македонски производи од македонски компании да има на тие рафтови – рече Мицкоски.

Тој додаде дека е забележан аое тренд на извозот производи од македонски компании во маркетите „Лидл“ насекаде во Европа и потенцираше дека доколку се сака сѐ може.

– Извозот којшто е сега добар, да речеме има нагорен тренд, се дуплира. Се очекуваат од неколку стотини илјади евра во 2022 година, на 2,5 милиони 2023 година, сега во 2024/2025 година да биде 5 или 6 милиони извоз на производи од македонски компании во маркетите „Лидл“ насекаде во Европа. С еочекува процентот да биде зголемен, да биде 10, 50, зошто да не и 100 отсто и ценам дека доколку се сака сѐ може – рече премиерот.

Микоски рече дка очекува македонските производители заедно со раководството на компанијата да работат во насока на постигнување на квалитетот, на нормите што ги побарува компанијата за цена којашто е прифатлива за македонските граѓани.

– Ги охрабрувам, а ние како Влада сѐ што е во наша моќ ние ќе испорачаме, без посредници, без провизии, без дај ми нешто па јас го знам овој оној во таа општина, па ќе ви завршам работата. Такви работи нема да има повеќе, такви пречки ќе нема. Ние како Влада застануваме и секој оној којшто до сега мислел дека е некаков си поседник за лсуањ на екг ќе мора да бара друга работа – рече Мицкоски.