Актуелно 16.07.2025 10:01

Мицкоски: Градиме темели на промените, почнува со градба ветерниот парк во Штип

Мицкоски: Градиме темели на промените, почнува со градба ветерниот парк во Штип

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека денес почнува со градба ветерниот парк на Алказар Енерџи од збор до дело за една година.

– 500 милиони евра најголема инвестиција досега за чиста енергија за 100.000 домаќинства. За енергетска независност, за подобра иднина за сите. Градиме темели на промените. Доаѓа времето на Македонија, стои во објавата на премиерот на Фејсбук.

Ветерниот парк, кој е најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот, ќе биде лоциран меѓу Штип, Карбинци и Радовиш на површина од околу 326 хектари.

Предвидено е да има 55 ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства.