Меѓу проектите на општините, за кои добија финансиска поддршка од Владата, има и за заштита на животната средина.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека животната средина е нивен приоритет и многу се вложува тука.
-Има околу 680 милиони денари проекти кои се дел од заштитата на животната средина и продолжуваме и понатаму инвестираме во животната средина и во постоечките програми, посочи Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Напомена и дека постепено почнува да се реализира проектот за пречистителна станица во Битола, а слично нешто очекува и за Тетово.