Актуелно 21.09.2020 21:56

Мизхари, Милошоски, Вело Марковски се нови членови на ИК на ВМРО, Јанушев се повлекува

Мизхари, Милошоски, Вело Марковски се нови членови на ИК на ВМРО, Јанушев се повлекува

Александар Николоски, Владо Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска- Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски.

Ова се членовите на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ што вечерва ги избра партискиот Централен комитет, информираше предмалку партискиот лидер Христијан Мицкоски, кој посочи дека добил поддршка да ја води партијата откако бил отфрлен неговиот предлог за одржување на вонреден конгрес за избор на нов лидер.

Притоа, Мицкоски истакна дека досегашниот генерален секретар на партијата Игор Јанушев се повлекува од партиските функции поради лични причини, но како што истакна, ќе продолжи да придонесува и да помага во ВМРО-ДПМНЕ во борбата против СДСМ.