Актуелно 13.02.2019 11:52

Млад дилер од Гостивар падна во рацете на полицијата

Млад дилер од Гостивар падна во рацете на полицијата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против К.С.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.

На 13.10.2018 година на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.