Живот 23.02.2022 15:32

Младите и талентирани ѕвезди од ДАЈТЕ МУЗИКА со најзабавен концерт на планетата во Ист Гејт Мол

Младите и талентирани ѕвезди од ДАЈТЕ МУЗИКА со најзабавен концерт на планетата во Ист Гејт Мол

Скопје, 23.02.2022- За последниот викенд од најкраткиот месец од годината, Ист Гејт Мол подготви ексклузивно изненадување, – долгоочекуваниот музички концерт на младите и талентирани ѕвезди од ДАЈТЕ МУЗИКА.

Влезот за концертот ќе биде бесплатен, а сите фанови на „Дајте музика“ со своите пријатели и семејства оваа сабота (26.02.2022), од 12:30 – 13:30 часот се поканети на оваа музичка манифестација во Ист Гејт Мол, којашто ќе се оддржи кај отворениот надворешен простор кај ресторанскиот дел во склоп на шопинг центарот.

Овој викенд, сите посетители во Ист Гејт Мол ќе имаат единствена можност да ги слушнат и видат младите талентирани ѕвезди Кристина, Анастасија, Миха и Филип во живо, да уживаат во магијата на музиката, забавата и во изведбата на нивните добро познати хитови, како и песната „Green Forces“ со која нѐ претставија на јуниорската Евровизија во Париз.

Фокусот на Ист Гејт Мол, покрај отворените врати на најголемиот шопинг центар од европски ранг со квалитетна содржина за шопинг, забава и уживање во голем број сегменти, како мода, технологија, здравје, лична нега и убавина, декор, кулинарство и други, е секогаш да го задоволат секое очекување, секоја желба, секој вкус, секое барање, на секој посетител.

Февруари, како месец на специјални настани и попусти во Ист Гејт Мол, продолжува со најбогатата палета на понуди од голем број на модерни и урбани брендови во земјата и регионот. 250 продавници со безброј шопинг приказни и диверзифицираниот кулинарски сегмент, се секојдневно достапни за урбаните ликови, кои се решителни и секогаш подготвени за уживање во добрата храна, освежување на својот спортски моден стил со нов сет на спортска облека и опрема, промена на зимскиот декор дома со нови парчиња украси со пролетен шмек, нурнување во добра фикција или автобиографија од неограничениот избор на книги во Ист Гејт Мол, бирање на цветен аранжман и слатки чоколадни задоволства за роденденски подарок за саканите, дијаманти и накит за специјалните моменти во животот, – и сето тоа достапно на 5 нивоа со широки и пространи коридори и пријатна и комфорна атмосфера.

Ист Гејт Мол те сака.
Ти си центар.