Економија 27.11.2018 15:56

Младите од ВМРО-ДПМНЕ со симболична порака до Владата: Црно време, црна сиромаштија, граѓаните се со празни џебови (ФОТО)

Младите од ВМРО-ДПМНЕ со симболична порака до Владата: Црно време, црна сиромаштија, граѓаните се со празни џебови (ФОТО)

Народот е со празни џебови. За тоа е најзаслужна владата. Ременот дополнително се стега. Сега се предвидува и зголемување на даноците. Зголемувањето на даноци значи ставање на раката на државата во џебот на граѓаните. Црно време за црна сиромаштија, а младите и граѓаните со празни џебови, истакна Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа денес симболично оставаме пред министерството за арач и финансии стари панталони со празни и искинати џебови, како порака дека народот е без пари, младите се без егзистенција, а зголемувањето на даноците ќе ја направи државата уште посиромашна а иднината на сите уште по црна, рече Ѓорѓиев и додаде:

„Токму ваков е, празен и искинат е џебот на граѓанинот, со зголемување на даноците ќе биде пробиено дното. Владата треба да се свести дека народот гладува и живее црн живот. Вклучен е алармот, затоа ги повикуваме сите млади да го кренат гласот и да ни се приклучат во протестите на ВМРО-ДПМНЕ, против зголемувањето на даноците, против сиромаштијата, против неисполнетите ветувања против ова црно време“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВЕСТИ

Стоилковски: Одлуката на Апелација за притворот на Јанакиески и Божиновски очекуваме да биде донесена врз база на факти

ВЕСТИ

Ѓорчев: Македонија е најзагадената држава во Европа наспроти сите ветувања на СДСМ

ВЕСТИ

„Доколку Македонија не добие препорака од ЕУ тоа ќе биде по вина само и само на Заев и неговиот картел“

ВЕСТИ

Арсовски: 2018-та е црна година за македонската економија

ВЕСТИ

Доктор од Судска медицина кој денеска сведочеше, ја откри причината за смртта на Саздовски

ВЕСТИ

Заев на тест кај Албанците, дали ќе ги исполни нивните барања

ВЕСТИ

Пациент спасен од сигурна смрт: За првпат во Македонија извршена тромбектомија кај 70-годишен човек со мозочен удар