Актуелно 18.12.2018 17:43

Младите во Струмица: Дедо Мраз наместо да донесе подароци, нека ги земе црнилата што ги донесе Владата

Младите во Струмица: Дедо Мраз наместо да донесе подароци, нека ги земе црнилата што ги донесе Владата

Младите струмичани незадоволни од начинот на кој се води државата и општината синоќа ги спакуваа лажните ветувања на премиерот и ги оставија под новогодишната елка на Плоштадот во Струмица.

„Оваа година Дедо Мраз наместо да донесе подароци, за доброто на сите нека ги земе црнилата што во една година ги донесе Владата за регионов и земјата“– напишаа тие.