Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) почна да работи на петтата ревизија на својата програма за кредити за Украина, во износ од 15,6 милијарди долари, во екот на големата реконструкција на украинската влада во текот на војната.
ММФ е клучен меѓународен кредитор на Киев и неговата четиригодишна програма е клучен дел од поголемиот пакет глобална економска поддршка за земјата, која се подготвува за третата зима на одбрана од руската инвазија.
Киев троши околу 60 отсто од својот вкупен буџет за финансирање на војската и во голема мера се потпира на финансиската поддршка од западните партнери за исплата на пензии и плати на вработените во јавниот сектор и за финансирање на социјалните и хуманитарните потреби.
Во соопштението на ММФ се наведува дека набљудувачката мисија на Фондот започнала политички разговори со украинските власти.
Претседателот на Украина, Володимир Зеенск, го реконструира својот кабинет за да го ресетира тимот пред клучните есенски и зимски месеци, а шест министри поднесоа оставки.
Се очекува министерот за финансии Серхиј Марченко да ја задржи функцијата, сметаат аналитичарите и пратениците.
Марченко претходно изјави дека владата се соочила со непокриен дефицит од околу 500 милијарди гривни, или 12 милијарди долари, за финансирање на одбраната на земјата до крајот на годинава.
Владата планира да ги зголеми даноците и веќе спроведе други мерки, вклучително и зголемување на увозните и акцизните трифи и поо задолжување на домашниот пазар, за да собере дополнителни приходи.
Украина, исто така, доби договор од сопствениците на обврзници за реструктурирање и отпис на долгот.
Успешното завршување на ревизијата на ММФ ќе ѝ овозможи на Украина да обезбеди 1,1 милијарда долари ново финансирање во наредните месеци.
Според податоците на Министерството за финансии, Украина добила околу 98 милијарди долари финансиска помош од западните партнери од почетокот на војната.