Актуелно 19.10.2023 08:57

ММФ прогнозира двоцифрена инфлација за Македонија, а Ковачевски дополнително зголемува цени, вели ВМРО-ДПМНЕ

ММФ прогнозира двоцифрена инфлација за Македонија, а Ковачевски дополнително зголемува цени, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ММФ прогнозира двоцифрена инфлација за Македонија, а Ковачевски дополнително зголемува цени. Проекциите на ММФ се дека Македонија ќе ја заврши 2023 година со двоцифрена инфлација. Во моментот Македонија има за 50% поголема инфлација од Еврозоната“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бројките и фактите покаажуваат дека инфлацијата не е увезена, туку дека е во целост производ на неспособноста и криминогеноста на Ковачевски и Ахмети.

И наместо власта да презема мерки за намалување на инфлацијата, Ковачевски го зголемува ДДВ за 1000 производи, а со тоа и цените на најголем број од основните прехранбени продукти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.